а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

задише

задишав, задишаа, задишив, задишија; задишал, задишил; задишан, задишен; (ќе) задишев, (ќе) задишеа; (ќе) задишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 37504
1. Почне да дише слободно, без тешкотија.
Англиски: breathe Албански: merr frymë
Примери:
Малку по малку се ослободив и задишав со отворени гради.
Тој ја распетла кошулата и задиши длабоко.
2. Направи некој да дише тешко и забрзано.
Англиски: pant Албански: regëtin
Примери:
Полека деца, со ваква брзање ќе ме задишите.
3. (се задише) Почне да дише тешко и забрзано.
Англиски: pant Албански: regëtin
Примери:
Тој се задиша качувајќи се по скалите.
Се задишивме од трчање.
Изведенки
1. задиша св.
задишат
2. задишува несв.
(се) задишуваат
3. задишување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК