а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заден

задни
Вид збор: Придавка
1. Што се наоѓа одназад, одзади.
Англиски: back
Примери:
Се упати кон задниот дел од двориштето.
Мечката се подигна на задните нозе.
заден џеб
задна врата
задно седиште
2. Што е последен по ред, краен, завршен.
Англиски: hind
Примери:
Му требаше уште еден чекор за да ја искачи задната скала.
Стоеше исплашен во задните редови на толпата.
3. Што е скришен, подмолен, нечесен.
Англиски: treacherous
Употреба: Преносно значење
Примери:
Прашуваше без врска и со задна намера.
Имаше пријател што го советуваше без никакви задни мисли.
Изрази
Е (стави, остане) во заден план - е од (добие) второстепена важност.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи