а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зададе

зададат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Постави, даде некому како задача да реши нешто.
Англиски: assign Албански: jap
Употреба: Образование
Примери:
Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам.
Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот.
2. Предизвика некому тешкотија, нанесе некому болка, тага и сл.
Англиски: give Албански: shkaktoj
Примери:
Твоето писмо ми зададе сериозна загриженост.
Оваа работа ми зададе многу мака.
3. Почне да дава.
Англиски: give Албански: jap
Примери:
Таа му зададе јадење на кучето.
4. (се зададе) Се појави, се покаже оддалеку некој или нешто.
Англиски: appear Албански: shfaqet, paraqitet
Примери:
По патот се зададоа луѓе.
Одоздола се зададоа возила кревајќи зад себе прав.
Од исток се зададоа облаци.
5. (се зададе) Се загне, се упати кон некого или кон нешто.
Англиски: go Албански: u dha, shkoj
Примери:
Кога ги виде, се зададе кон децата.
Тие се зададоа кон шумата со разретчени дабје.
Спроти неа се зададе еден црн пес.
Изведенки
1. задава несв.
(се) задаваат
2. задавање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи