а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загуби

загубат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Остане без нешто што го имал.
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
Вчера го загубив клучот од дома.
По патот овчарот загубил една овца.
2. Изгуби дел, нешто од својата природна целост (поради болест, повреда).
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
При една експлозија во складот тој го загуби слухот.
Овој човек го има загубено видот, не гледа веќе.
Едната рака ја загубил во несреќен случај.
3. Изгуби, престане да има некое својство, способност за нешто.
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
Тој ја загуби рамнотежата и се затетерави.
Одвај се задржа да не загуби свест.
Од слабост го беше загубила гласот.
Играта ја беше загубила својата интересност.
4. Остане без некого поради смрт, разделба и др.
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
Тие загубија ќерка и два возрасни сина во војната.
Во несреќата двајца работници ги загубија животите.
5. Доживее неуспех, пораз, не победи во натпревар, игра и сл.
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
Стана очигледно дека битката е загубена.
Тој го загуби облогот.
Домашните загубија уште еден бод на свој терен.
6. Изгуби, се лиши од определени материјални вредности, пари и сл.
Англиски: lose Албански: humbi
Примери:
Го загуби целиот свој имот.
Се плашеше да не ја загуби печалбата.
7. (се загуби) Се изгуби, исчезне, го снема.
Англиски: disappear Албански: u zhduk
Примери:
Го оседла коњот и се загуби надолу по заснежениот пат.
Возот се загуби во далечината.
8. (се загуби) Изгуби ориентација, пат, не знае каде се наоѓа.
Англиски: lose Албански: u humb
Примери:
Убаво го познаваше патот во гората и не се плашеше дека ќе се загуби.
Таа се загуби низ тесните сокаци.
9. (се загуби) Западне во состојба на збрканост, на полусвест.
Англиски: get confused Албански: u hutua
Примери:
Тој од пиење сосема се загуби.
Кога го виде него, сиот се загуби.
Изведенки
1. загубува несв.
(се) загубуваат
2. загубување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи