а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загрне

загрнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие, обвитка, наметне нешто околу телото.
Англиски: wrap Албански: ambalazhoj
Примери:
Го загрна кожувот и излезе надвор.
Тие беа загрнати со големи овчарски гуни.
2. прегрне
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Го потупка по рамото и го загрна со десната рака.
Се доближи до него и го загрна.
3. Покрие, скрие нешто.
Англиски: cover Албански: strehon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Облаците ја загрнале месечината.
Мракот ја загрна одајата.
4. (се загрне) Се покрие, се обвитка, се наметне со нешто околу телото.
Англиски: wrap Албански: strehon
Примери:
Се загрна со новата мантија.
5. (се загрне) се прегрне
Англиски: embrace Албански: përqafoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Братски се поздравија и се загрнаа.
Изведенки
1. загрнува несв.
(се) загрнуваат
2. загрнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи