а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загрее

загреат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стопли, сврели некого или нешто.
Англиски: warm Албански: ngroh
Примери:
Жешкиот песок ми ги загреа нозете.
За да го загрее моторот, направи круг околу куќата.
2. Воодушеви, многу заинтересира некого.
Англиски: fascinate Албански: magjeps
Употреба: Преносно значење
Примери:
Книгата го загреа и тој ја прочита многу брзо.
Идејата за обединување ги загреа луѓето.
3. (се загрее) Се стопли, се затопли.
Англиски: warm up Албански: ngroh
Примери:
Тој се загреа на огнот и седна да вечера.
Селаните пиеја топла ракија за да се загреат.
4. (се загрее) се воодушеви, се заинтересира
Англиски: inspire Албански: frymëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој брзо се загреа за таа работа.
Беше загреан за една девојка.
5. (се загрее) Во спортот - се раздвижи, се подготви за настап.
Англиски: warm-up Албански: nxemje
Употреба: Преносно значење , Спорт
Примери:
Фудбалерите трчаа за да се загреат.
Изведенки
1. загрева несв.
(се) загреваат
2. загревање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи