а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загради

заградат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да гради.
Англиски: build Албански: ndërtoj
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Тој загради нова куќа.
2. Направи ограда околу земјиште, куќа и сл.
Англиски: gate Албански: gardh
Примери:
Дворот го заградија со високи ѕидишта.
Треба да го заградиш лозјево.
3. Прегради, направи пречка на воден тек, пат и сл.
Англиски: block Албански: rindërtoj
Примери:
Тој го загради потокот.
Патот беше заграден со големи камења.
4. Опкружи, опколи од сите страни.
Англиски: surround Албански: rethoj
Примери:
Ноќеска ќе го заградиме селото од сите четири страни.
Куќата во која се криеја ја заградија војници.
Отсекаде бил заграден со деца.
5. За текст - стави нешто во заграда.
Англиски: enclose Албански: kllapa
Употреба: Лингвистика
Примери:
Одделни зборови од реченицата тој ги загради.
6. (се загради) Се огради, се одвои со ограда.
Англиски: gate Албански: gardh
Примери:
Соседите се заградија со висок ѕид.
Изведенки
1. заградува несв.
(се) заградуваат
2. заградување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи