а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загнезди

(се) загнездат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи гнездо.
Англиски: nest Албански: bëj çerdhe
Примери:
Една ластовичка се загнезди под нашата стреа.
2. Се намести, се смести некаде како во гнездо; заседне некаде.
Албански: ndreq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некој комита се загнездил во шумата.
Малото гратче се загнездило на самиот врв на брдото.
3. За чувство, мисла - обземе нешто, се појави.
Англиски: seize Албански: kaploj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Страв и се загнезди во душата.
Темнината се загнезди во нивните очи.
Изведенки
1. загнездува несв.
(се) загнездуваат
2. загнездување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи