а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заглуши

заглушат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со силен шум, врева направи да не се слушаат други гласови, звуци или да не се распознаваат.
Англиски: deafen Албански: shurdhoj
Примери:
Неговите последни зборови ги заглуши аплауз.
Нивните гласови ги заглуши истрел.
Шумот од езерото не можеше да го заглуши звукот од камбаните.
2. Оневозможи, попречи нормално да восприемаат слушните органи.
Англиски: deafen Албански: shurdhoj
Примери:
Силниот пискот на локомотивата ми ги заглуши ушите.
Нѐ заглушија гласовите на продавачите.
3. Потисне, стивне чувство, силно расположение и сл.
Англиски: dampen Албански: zbpras
Употреба: Преносно значење
Примери:
Остриот прекор го заглуши неговото задоволство.
4. За растение - едно растение спречи друго добро да се развива.
Англиски: hinder Албански: pengoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тревата го заглуши расадот.
5. (се заглуши) За глас - се изгуби, стане нечуен.
Англиски: muffle Албански: zhurmëmbytës
Примери:
Нејзиниот шепот се заглушил во болни липања и солзи.
Изведенки
1. заглушува несв.
(се) заглушуваат
2. заглушување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи