а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заглави

заглават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, вметне, втера нешто во положба од која тешко може да се извлече.
Англиски: get stuck Албански: ngulis, bllokoj
Примери:
Пушката ја заглави меѓу два камена.
Тој ја заглавил секирата во тврдото стебло на дабот.
2. Настрада, пропадне, западне во незгода.
Англиски: get into trouble Албански: ngulem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Заглавив во некои урнатини и не можев да излезам од нив.
Во таа работа брзо ќе заглавиш.
3. (се заглави) Се вовлече, се пикне во нешто.
Англиски: get stuck Албански: ngulitem
Примери:
Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот.
Детето се заглави меѓу решетките од оградата.
4. (се заглави) Се оневозможи движење, се создаде застој.
Англиски: get stuck Албански: bllokoj
Примери:
Се заглавија на вратата од вагонот.
Нешто се заглави во машината.
Изведенки
1. заглавува несв.
(се) заглавуваат
2. заглавување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи