а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загази

загазат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да гази.
Англиски: wade Албански: hap
Примери:
Загазив во студената вода.
Тој загази во снегот.
Загази по дебелата волнена простирка.
2. Изгази овде-онде.
Англиски: stamp Албански: shkel
Примери:
Местото го загази и го направи гумно со стожер.
Воловите ја загазија тревата.
3. Навлезе во некоја работа, состојба (обично во негативна смисла).
Англиски: step Албански: hap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите студии.
Загази во долгови.
Загазивме во гревови.
Изведенки
1. загазува несв.
загазуваат
2. загазување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи