а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завтаса

завтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Втаса, стигне, дојде до некого што е понапред.
Англиски: catch up Албански: arrin
Примери:
Тој го завтаса селанецот и го удри со грбачот.
Брзаше да ја завтаса колоната.
2. Втаса, стигне навреме да направи нешто.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Не ќе пропадне светот ако не завтаса да ја сврши работата.
3. Затече, најде нешто.
Англиски: find out Албански: zbuloj
Примери:
Ако не завтасаш јаболко, ти остануваат само шипинки и глогинки.
Изведенки
1. завтасува несв.
завтасуваат
2. завтасување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи