а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заврзе

заврзат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стегне, прицврсти со врзување.
Англиски: tie Албански: shtërngoj
Примери:
Рацете му ги заврза одзади.
Го заврза коњот за стеблото од буката.
2. Замота, обвие нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Го разгради човекот и му ја заврза раната.
На главата беше заврзал чалма.
3. Започне, поведе разговор, борба и сл.
Англиски: begin Албански: filloj
Примери:
Никако не можеа да заврзат весел разговор.
Децата заврзаа снежен бој.
Сакаа да заврзат свој живот.
4. Создаде, зафати плод, заврза.
Англиски: begin Албански: ndërtoj
Примери:
Јаболкниците веќе имаа заврзано плод.
Бостанот ги заврза првите плодови.
5. (се заврзе) се заплетка, се врзе
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Конецот ѝ се заврза неколку пати.
6. (се заврзе) Се започне, се поведе разговор, борба и сл.
Англиски: begin Албански: filloi
Примери:
Над самото село се заврза тешка борба.
Меѓу нив се заврза караница.
Изведенки
1. заврзува несв.
(се) заврзуваат
2. заврзување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи