а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заврати

завратат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 27565
1. Свитка, пресвитка нешто (обично дел од облека) за да стане покусо.
Англиски: turn up Албански: mbështjell
Примери:
Тој ги заврати панталоните и загази во водата.
Ги завратила ракавите.
2. Поднамести, зафрли наназад.
Албански: vendos
Примери:
Се изми и ја заврати косата со еден дрвен чешел.
3. Потера назад, го промени правецот на движење.
Англиски: turn back Албански: kthehet
Примери:
Јагнињата забегаа, ајде да ги завратиме.
Изведенки
1. завратува несв.
завратуваат
2. завратување ср.
глаг. им.
3. завраќа несв.
завраќаат
4. завраќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК