а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завлече

завлечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да влече нешто не одвојувајќи го од површината, да носи нешто.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Воловите ги завлекоа тешките греди.
Жените го завлекоа килимот по скалите.
2. (за човек) Однесе насила, влечејќи.
Англиски: drag Албански: tërheq
Примери:
Војниците го завлекоа старецот кон ѕидот.
3. (за вода) Однесе насила, влечејќи.
Англиски: carry away Албански: tërheq
Примери:
Водата го завлече телото на давеникот.
Реката ги завлече откорнатите стебла.
4. Тешко, отежнато се движи, криви.
Англиски: limp Албански: çaloj
Примери:
Момчето ја завлече ногата по операцијата.
5. Вовлече, пикне нешто во друго нешто.
Англиски: slip Албански: shkas
Примери:
Децата ги завлекоа главите во рамењата и останаа зачудени.
Ја завлече раката под шинелот.
6. Многу одолжи, одложи нешто повеќепати.
Англиски: delay Албански: vonoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не знаеше кој ја завлекол работата.
Тој го завлече последниот испит цела година.
7. привлече, заведе
Англиски: attract Албански: tërheq
Примери:
Тој се надева дека и него ќе го завлече хуманиот лекарски повик.
Остави да го завлече вревата на разврвената улица.
8. (се завлече) Се вовлече, се пикне некаде.
Англиски: slip Албански: tërheq
Примери:
Прошета крај реката и се завлече во врбаците.
Се завлеков под грмушките.
9. (се завлече) Се одолжи, предолго потрае.
Англиски: delay Албански: tërheq
Примери:
Решавањето на проблемот се завлече неколку години.
Изведенки
1. завлекува несв.
(се) завлекуваат
2. завлечува несв.
(се) завлечуваат
3. завлекување ср.
глаг. им.
4. завлечување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи