а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завитка

завиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Замота, завие, обложи со нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Старецот го завиткал лулето во крпче.
Тој го завитка лицето со шалот.
Ја завиткаа во овчи кожи и ја понесоа на лесково носило.
2. Даде валчест облик на нешто, свитка, намота во ролна.
Англиски: roll Албански: rrotullis
Примери:
Двајцата завиткаа по една дебела цигара.
3. Стегне, свитка, превитка нешто.
Англиски: twist Албански: shtërngoj
Примери:
Со клештата цврсто ја завитка жицата.
4. Обвие, покрие со нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сурова магла ја завитка долината во студенило и непровидност.
Градот беше завиткан во облаци од чад и прав.
5. (се завитка) Се замота, се завие во нешто.
Англиски: wrap Албански: lidh
Примери:
Се завиткал во фереџе и така поминал покрај стражата.
Се завитка во понудената гуна и веднаш заспа.
6. (се завитка) Се обвие околу нешто.
Англиски: coil Албански: rethoj
Примери:
Змиите се завиткаа околу ногалките од столовите.
Изведенки
1. завиткува несв.
(се) завиткуваат
2. завиткување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи