а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завиди

завидат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почувствува завист спрема некого поради успех, среќа, убавина и сл.
Англиски: envy Албански: kam zili, gjelozoj
Примери:
Понекогаш ми доаѓа да ти завидам.
Сте покажале успеси на кои секој може да ви завиди.
Му завидоа на заработувачката.
2. здогледа, забележи
Англиски: notice Албански: sheh, vërej
Примери:
Очите му одат на китчето босилек што преѓе го завиде.
3. (се завиди) Се види, се забележи.
Англиски: appear Албански: shfaqet, duket
Примери:
До левата врата на олтарот му се завиде нешто, а тоа беше дете.
Му се завиде како да и ја фати раката.
Изведенки
1. завидува несв.
завидуваат
Почувствува завист.
2. завидување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи