а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забуна

мн. забуни
Вид збор: Именка, женски род
1. збунетост, несигурност, недоумица
Англиски: confusion Албански: konfuzion
Примери:
За да ја скрие забуната, зачепка околу радиото.
Таа ја виде неговата забуна, но не разбра одошто е.
Нејзиното плачење ме фрли во забуна и немир.
2. грешка, заблуда
Англиски: mistake Албански: gabim
Примери:
Во овој случај не може да дојде до забуна.
Тие ги создаваа најголемите забуни во врска со македонското име.
3. немир, неспокојство
Англиски: unrest Албански: shqetsim
Примери:
Неговите последни зборови предизвикаа забуна кај публиката.
Пукањето на пушката предизвика забуни кај војниците.
Умееше да создава забуни во непријателската заднина.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи