а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забрана

мн. забрани
Вид збор: Именка, женски род
1. Недозволување, забранување нешто да се прави, да се изврши.
Англиски: prohibition Албански: ndalesë
Примери:
Сѐ уште важи забраната за излегување во доцните часови.
Tој пиеше многу, и покрај лекарската забрана.
2. ограда
Англиски: fence Албански: gardh
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Одеше покрај ниските забрани на лозјата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи