а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заборави

заборават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пропушти да направи нешто.
Англиски: forget Албански: harroј
Примери:
Заборавил да дојде.
Заборави да ја затвори вратата.
Јас се заприкажував и заборавив да те поздравам.
2. Остави, не зеде нешто со себе поради невнимание, расеаност и сл.
Англиски: leave Албански: harroj, lë
Примери:
Да не го заборавите фенерот.
Го заборавив клучот.
Во трњакот ја заборавил капата.
3. Занемари, запостави, престане да се грижи за некого или за нешто.
Англиски: neglect Албански: neglizhoj
Примери:
Одминуваат и не се обѕрнуваат, сосем ме заборавиле.
Го однесоа во болница и го заборавија.
4. (се заборави) се занесе, се изгуби
Албански: humbem
Примери:
Веќе се бев заборавил уживајќи во работата.
Загледан во книгата, тој полека се заборави.
Другарчињата се разиграа и онака весели се заборавија.
5. (се заборави) Претера во нешто, изгуби контрола над своите постапки.
Албански: harroj
Примери:
Може се заборавил и кажал гласно некои работи.
Изведенки
1. заборава несв.
(се) забораваат
2. заборавање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи