а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заблазни

заблазнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази задоволство за нешто што му се случило некому (на соговорникот или на некој друг) обично со зборовите: блазе си ти, блазе тебе; блазе си му (и), блазе нему (нејзе).
Примери:
Детето си спие спокојно и невино, да му заблазни човек.
Другарките ѝ заблазнија на свршувачката.
Изрази
Да му заблазниш на зборот - убаво, умно зборува.
Изведенки
1. заблазнува несв.
заблазнуваат
2. заблазнување ср.
мн. заблазнувања
глаг. им.
Пример: Не можеше веќе да ги слуша нејзните заблазнувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи