а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заби

(се) забат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За животно - покажува заби, ржи.
Англиски: snarl Албански: grindet
Примери:
Кучето му се забеше на војникот.
2. Се заканува, се сили некому.
Англиски: threaten Албански: kanosem, tregoj dhëmbët
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ти многу се забиш некако.
Луѓето чудно не гледаат и ни се забат.
3. Се појавува, се покажува нешто со остри, издадени делови.
Албански: i mpreht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пред него се забеа сиви карпи.
Се забеа камени ридје, прошарани негде-годе со расфрлани нивје.
Изведенки
забење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи