а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забие

забијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со удар или со притисок направи нешто да навлезе во друго нешто.
Англиски: drive in Албански: ngul
Примери:
Никој не виде кога му го забија ножот во градите.
Ќе забиеме кол в земја и ќе го врземе коњот.
2. Изврши предавство, предаде некого.
Англиски: betray Албански: dërgoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му заби нож во грбот.
3. (се забие) се забоде, се вовлече
Англиски: enter Албански: hyj
Примери:
Мечот се заби во неговите гради.
Нечии нозе се забија во слабините на шумарот.
Изведенки
1. забива несв.
(се) забиваат
2. забивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи