а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забелешка

мн. забелешки
Вид збор: Именка, женски род
1. Дополнување кон нешто што е претходно кажано.
Англиски: remark Албански: vërejtje
Примери:
Малкумина ја слушнаа оваа зајадлива забелешка.
Тој не одговори на неговата забелешка.
Го проследија говорот со забелешки од своја страна.
2. приговор, критика
Англиски: criticism Албански: kritikë
Примери:
Беше во недоумица дали е тоа пофалба или забелешка.
Претпоставувам дека нема никаква забелешка од твоја страна.
Постојат извесни забелешки што можат да му се направат на преводот.
3. Кратко писмено објаснување или дополнување кон определен текст.
Англиски: footnote Албански: shënim
Примери:
Посебно внимание привлекува забелешката кон ова предание.
Втората забелешка ја среќаваме во фуснотата на песната.
Овој податок го среќаваме во уводните забелешки на книгата.
4. Кратко забележан исказ, податок, мисла и сл.
Англиски: note Албански: shënim
Примери:
Една забелешка сведочи за неговите јазични согледувања.
Во фамилијата се чувале книги и забелешки од прочуени арапски лекари.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи