а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забележи

забележат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Запише нешто.
Англиски: note Албански: shënoj
Примери:
Зеде хартија да забележи неколку збора.
Записничарот не го забележал целосно моето искажување.
2. Види, здогледа некого или нешто.
Англиски: notice Албански: vërej
Примери:
Цариниците забележале оти камионот бил отворен.
Тој го забележи човекот што се спушташе по сртот.
Bо темната ноќ ништо не можеа да забележат.
Се трудев меѓу присутните да забележам познати лица.
3. Сфати, согледа нешто, стане свесен за нешто.
Англиски: notice Албански: vërej
Примери:
Тој не ги забележил промените околу себе.
Не забележа колку време е поминато.
Офицерите ја забележаа неговата збунетост.
4. Постигне, оствари нешто.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Од оваа позиција му зависи дали ќе го забележи саканиот успех или не.
Лани нашата фирма забележа добри финансиски резултати.
Домашната екипа забележа победа без поголеми напори.
5. Приговори, изрази неодобрување.
Англиски: object Албански: bëj vërejtje
Примери:
Можам да правам што сакам и нема никој да ми забележи.
Не можеш да му забележиш што го сторил тоа.
Таа му забележа што не се сети на нејзиното име.
6. Истакне, одбележи нешто.
Англиски: emphasize Албански: theksoj
Примери:
Како најважен факт во неговата биографија треба да го забележиме неговото заминување во Русија.
Таа сцена можеме да ја забележиме како најдобра во целата изведба.
Да преминеме кон прашањето што погоре го забележавме.
7. Искаже, додаде уште нешто при зборувањето.
Англиски: remark Албански: theksoj
Примери:
Ниту го велам тоа, ниту го мислам - забележа тој.
Попусто го напаѓаш - без злоба забележа таа.
Никој не знае дека сум овдека - мирно забележи тој.
Изведенки
1. забележува несв.
забележуваат
2. забележување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи