а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жубор

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Шум што го создава водата.
Англиски: murmur Албански: shushurimë
Примери:
Го слушам жуборот на изворите.
2. Шум, џагор од човечки гласови.
Англиски: murmur Албански: shushurimë
Примери:
Каде и да се свртев, само жубор на туѓ јазик слушав.
3. Шум што се создава од птиците или некои инсекти.
Англиски: chirping Албански: fëshfërimë
Примери:
Го слушам жуборот на птиците.
Се слушаше само жубор од исплашени жужлиња и жегалци.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи