а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жртвува

жртвуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Принесе, принесува жртва на божество.
Англиски: sacrifice Албански: sakrifikon, flijon
Примери:
На празникот треба да жртвуваш едно јагне.
2. Изложи, изложува нешто или некого на уништување, на пропаѓање заради или поради некого или нешто.
Англиски: sacrifice Албански: sakrifikon, flijon
Примери:
Тој го жртвуваше семејството заради твојата љубов.
3. Несебично дава, дарува, посветува.
Англиски: sacrifice Албански: sakrifikon
Примери:
Жртвуваа огромен капитал за да ја спасат татковината.
4. (се жртвува) Се лишува, се откажува од нешто.
Англиски: sacrifice Албански: sakrifikon
Примери:
Родителите се жртвуваа за децата, а децата за идејата.
Изведенки
жртвување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи