а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жолчка

мн. жолчки
Вид збор: Именка, женски род
1. Внатрешен орган кај човекот и кај некои животни во вид на меур во кој се слева сокот што го излачува црниот дроб.
Англиски: gall Албански: tëmth
Употреба: Анатомија
Примери:
Болест на жолчката.
2. Жолтозеленикава горчлива течност што ја излачува црниот дроб.
Англиски: bile Албански: vrer
Употреба: Медицина
Примери:
Жолчен сок.
3. Густа жолта материја во внатрешниот дел од јајцето, опкружена со белка.
Англиски: yolk Албански: verdhë veze
Употреба: Биологија
Примери:
Има кокошки што несат јајца со две жолчки.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи