а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жолтица

мн. жолтици
Вид збор: Именка, женски род
1. (само едн.) Болест на црниот дроб при која се јавува жолтило на кожата, на видливата слузница и на белките поради продирањето на секретот од жолчката во крвотокот.
Латински: hepatitis Англиски: hepatitis Албански: verdhëz
Употреба: Медицина
Примери:
Жолтицата ја лечеше за четиринаесет дена со толчен лук.
Жолтицата е заразна болест.
2. Златна монета.
Англиски: gold coin Албански: verdhushkë, monedhë ari
Употреба: Архаизам , Економија
Примери:
На малечкото масиче до креветот истури цела рака жолтици.
За изградбата на манастирот дедо ми собрал илјада жолтици.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи