а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жица

мн. жици
Вид збор: Именка, женски род
1. усукана нишка
Англиски: thread Албански: fije
Примери:
Конец од три жици.
2. метална нишка
Англиски: wire Албански: tel
Примери:
Железна жица.
Челична жица.
Телефонска жица.
3. Струна на музички инструмент.
Англиски: string Албански: varg
Употреба: Музика и танц
Примери:
виолинска жица
Тој го влечеше гудалото по жиците.
4. наследна особина
Албански: tipar trashigimorë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детево има таткова жица.
5. Слој на земја во кој се наоѓа некоја руда.
Англиски: vein Албански: venë
Употреба: Геологија
Примери:
рудна жица
златна жица
6. Посебна дарба за нешто.
Англиски: talent Албански: talent
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој има поетска жица.
Изведенки
жичка ж.
мн. жички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи