а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жито

мн. жита
Вид збор: Именка, среден род
1. Заеднички назив за едногодишните растенија чијшто зрнест плод служи за исхрана (пченица, јачмен, 'рж, овес, ориз, пченка).
Англиски: grain Албански: drith
Употреба: Ботаника
Примери:
Житата почнале да растат.
2. Плод од житно растение, обично од пченица.
Англиски: grain Албански: drith
Употреба: Земјоделство
Примери:
Извозот на жито, за разлика од минатата година, оваа година е послаб.
3. (зб. мн.) Нива посеана со пченица или житни култури.
Англиски: grain field Албански: fushë drithi
Употреба: Земјоделство
Примери:
По житјата веќе се гледаа жетвари.
4. Друг назив за пченица, растение и плод.
Англиски: wheat Албански: grurë
Употреба: Ботаника , Земјоделство
5. Варена и засладена пченица што се раздава за душа, за покоен.
Англиски: wheat Албански: grurë
Употреба: Гастрономија , Црковен термин
Изведенки
житце ср.
мн. житца
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи