а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

живот

мн. животи
Вид збор: Именка, машки род
1. (едн.) Биолошки облик на постоење и движење на материјата, настанат на определена етапа од нејзиниот развој.
Англиски: life Албански: jetë
Примери:
Појава на животот на Земјата.
Облици на живот на нашата планета.
2. (едн.) Физиолошка состојба на живите организми од раѓањето до смртта (често во затврдени изрази со глаголите: даде, положи, одземе, изгуби).
Англиски: life
Примери:
Тој го даде својот живот за слободата на Македонија.
Даваше знаци на живот.
Го изгубил животот во сообраќајна несреќа.
3. (едн.) Израз на физичка и духовна сила, животност, живост.
Англиски: life
Примери:
Тој беше полн со живот.
4. (едн.) Начин на живеење, постоење, врзан за определени услови, обичаи и сл.
Англиски: lifestyle
Примери:
градски живот
бурен живот
скап живот
евтин живот
кучешки живот
5. (мн. животи) живо суштество
Англиски: being
Примери:
Многу животи зеде на душа.
6. Животен пат, тек, важни животни случки на некој човек.
Англиски: biography
Примери:
живот и дело
животот на писателот
7. (едн.) Организација, начин на постоење и дејствување на некој систем.
Англиски: life
Примери:
животот на државата
животот на армијата
животот на природата
8. (едн.) Дејствување на човекот и на општествената заедница во некоја област.
Англиски: activity
Примери:
политички живот
културен живот
семеен живот
музички живот
9. (едн.) Реалниот свет во којшто суштествува човекот.
Англиски: real life
Примери:
секојдневен живот
Се пробива во животот.
Судир со животот.
Се учи од животот.
Изрази
Борба на живот и смрт - беспоштедна, жестока борба; решавачка борба.
Вечен (задгробен) живот - живот по смртта.
Гол живот - бедно одржување во живот.
Даде живот (за некого, за нешто) - загине, се жртвува.
Животот си го стави на коцка - се изложи на голем ризик.
Линија на животот - линија на дланката од која се чита должината на животот.
Подари живот (некому) - го помилува, не го уби.
Ако ти е мил животот - како предупредување дека некоја постапка може да се плати со животот.
Изведенки
животец м.
(едн.)
дем. ирон.
Пример: Си го гледа животецот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи