а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

живец

мн. живци
Вид збор: Именка, машки род
1. нерв
Англиски: nerve Албански: nerv
Употреба: Анатомија
Примери:
(разг.) Никогаш немам вадено живец на заб.
2. Енергично, нескротливо лице.
Албански: energjik, i gjallë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сиот е живец.
3. Кожичка околу коренот на ноктот.
Албански: kutikull
Употреба: Анатомија
Примери:
Имам голем проблем со живецот на показалецот на левата рака.
4. Врвка врзана за двата краја на основата за да не падне при ткаење.
Албански: pe, fije
5. (обично во мн.) Спојници кои ги врзуваат наплатите на колите.
Англиски: connector Албански: konektor
Употреба: Технологија
Изрази
Ми оди на живци - ме нервира.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи