а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

живее

живеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Постои, суштествува како жив организам, жив е.
Англиски: live Албански: jeton
Примери:
Нема повеќе волја да живее.
2. Ги врши биолошките функции, е во живот во определени услови.
Англиски: exist Албански: ekziston
Примери:
Рибите живеат во вода.
На такви температури не живеат ни луѓе ни животни, ами само некои инсекти.
3. Го поминува животот некаде, на некое место.
Англиски: reside Албански: banon
Примери:
Ескимите живеат на Северниот Пол.
Најдобриот тенисер живее во Монако.
4. Го поминува животот на некаков начин, под некакви услови.
Англиски: live Албански: jeton
Примери:
Тој живее без жена.
Два дни живеевме без јадење.
5. Го поминува животот заедно, во заедница со некого.
Англиски: coexist Албански: bashkëjeton
Примери:
Тој живее со баба му.
Македонскиот народ живее во заедница со другите националности.
6. Живее за некого, за нешто; за некоја цел.
Англиски: live Албански: jeton
Примери:
Тие живеат само за своите деца.
Тој живее само за пари.
Живее за музиката.
7. Се издржува од нешто.
Англиски: live Албански: mbështetet
Примери:
Живее од тутун.
Тој живееше од трговија.
8. Се согласува, е во добри односи со некого.
Англиски: live Албански: jeton
Примери:
Тие си живееја убаво еден со друг.
Тој не живее со никого.
Човек треба да живее со сите.
Изрази
Живее на туѓ грб – се издржува со туѓи средства.
Изведенки
живеење ср.
глаг. им.
Пример: Охрид е најубавиот град за живеење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи