а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жетвар

мн. жетвари
Вид збор: Именка, машки род
1. Лице што жние жито, што ја извршува жетвата.
Англиски: harvester Албански: korrës
Употреба: Земјоделство
Примери:
Со жетварите ќе влеземе в село.
2. Народен назив за седмиот месец во годината.
Англиски: July Албански: korrik
Употреба: Архаизам
Примери:
Жетвар течеше и печеше жетварското сонце.
Беше жетвар, месец на изгорени снопје.
Изведенки
1. жетварка ж.
мн. жетварки
Машина за жниење.
Пример: Со жетварката ја собра жетвата.
2. жетварски прид.
жетварскиот
Пример: жетварска песна
FlexiMac
 менување на македонски глаголи