а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жариште

мн. жаришта
Вид збор: Именка, среден род
1. Место каде што се наоѓа жарот.
Албански: votër
Примери:
Во жариштето имаше многу жар.
Од колибата беше останало само пламнато жариште.
2. Главно, централно место на нешто; центар на нешто.
Англиски: focus Албански: votër, fokus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Охрид е жариште и расадник на словенската писменост.
Жариште на отпорот. Културно жариште.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи