а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жали

жалат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Чувствува жал за нешто изгубено, поминато, неостварено.
Англиски: grieve Албански: vajtoj
Примери:
Жалеше за изгубената младост.
2. Е во жалост по починат.
Англиски: mourn Албански: vajtoj, mbaj zi
Примери:
Старата жалеше по загинатиот син.
3. Сожалува некого, сочувствува со некого.
Англиски: pity Албански: vajtoj
Примери:
Го жали што останал сам.
4. Штеди (обично негирано).
Англиски: save Албански: kursej
Примери:
Кога е за здравјето, не жали ни пари ни труд.
5. (се жали) Се плаче, се поплакува некому.
Англиски: complain Албански: ankohem, qahem
Примери:
Не сакам да ти се жалам, но ова летување е едно од најтажните што сме ги поминале.
6. (се жали) Поднесува жалба до некој државен орган.
Англиски: petition Албански: ankohem
Употреба: Правда
Примери:
И двајцата се жалеа против пресудата до Врховниот суд.
7. (се жали) Се сожалува себеси.
Англиски: pity Албански: qajë, vajtoj
Примери:
Тој се жали прво себеси, па после другите.
Изведенки
жалење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи