а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жаба

мн. жаби
Вид збор: Именка, женски род
1. Водоземно животно со долги задни нозе приспособени за скокање на суво и за пливање во вода.
Латински: Rana temporaria Англиски: frog Албански: bretkocë
Употреба: Зоологија
Примери:
Не се спиеше од жаби и од нивното крекање.
2. Погрдно, иронично обраќање кон некое лице.
Англиски: frog Албански: bretkocë
Употреба: Груб збор , Преносно значење
Примери:
Уште тебе те чекаат тука, жабо крастава.
Жабо низаедна!
3. Густ пивтиест талог во сад во кој се чува киселина, оцет.
Англиски: scum Албански: llum
Изрази
Жаба не крека на суво - не се пее без пиење.
Градна жаба - болест на срцето (Angina ресtoris).
Градна жаба - болест на грлото кај говедата.
Меша жаби и баби - не ја разбрал работата.
Изведенки
1. жабин прид.
жабиниот
2. жабичка ж.
мн. жабички
3. жабиште ср.
мн. жабишта
аугм. и пејор.
4. жапченце ср.
мн. жапчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи