а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

еснаф

мн. еснафи
Вид збор: Именка, машки род
1. Здружение на занаетчии од иста струка.
Англиски: guild Турски: esnaf Албански: esnaf
Употреба: Економија , Историја
Примери:
грнчарски еснаф, самарџиски еснаф
2. Занаетчија, сопственик на дуќан или на мала работилница.
Англиски: shop keeper Албански: dyqanxhi
Примери:
Чаршијата беше полна со еснафи и трговци.
3. врсник, другар
Англиски: contemporary Албански: bashkëkohor
Употреба: Архаизам , Преносно значење
Примери:
Ќе ми се смеат еснафите.
Еснаф човек - чесен човек, домаќин.
Се замеша во еснафот.
Изведенки
1. еснафка ж.
мн. еснафки
другарка, врсничка
2. еснафски прид.
еснафскиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи