а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

елемент

мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
1. Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови.
Англиски: element Албански: element
Употреба: Хемија
Примери:
хемиски елементи
2. Составен дел од некоја целина.
Англиски: part Албански: element, pjesë
Примери:
Денес се зачувани некои архаични елементи од женската носија.
При изведувањето на овие обреди има разни магиски елементи.
3. Според некои филозофи, една од четирите праматерии (земја, вода, воздух, оган) што ја прават основата на светот.
Англиски: primordial matter Албански: element
4. Човек или група што се издвојува по сопствениот ентитет од определена средина.
Англиски: element Албански: element
Примери:
Словенско-македонскиот елемент населен во областа на Голо Брдо едно време претставувал мнозинство во вкупното население.
5. Човек што се издвојува од средината по размислувањето, по постапките и по однесувањето.
Англиски: element Албански: element
Употреба: Преносно значење
Примери:
антидржавен елемент
непријателски елементи
FlexiMac
 менување на македонски глаголи