а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

едно

Вид збор: Прилог
1. исто
Англиски: equally
Примери:
И луѓето се сите едно, и трудот им е ист на сите.
2. На прво место, како прво.
Англиски: firstly
Примери:
Не сакам да одам, едно, зашто не ми се оди, а друго, зашто немам време.
3. приближно
Англиски: around
Примери:
Јас досега едно десетпати сум патувал со тебе.
4. Во составот едно време - некогаш.
Примери:
Беше едно време.
5. Во составот едно време - кратко, извесно време.
Примери:
Тоа потраја едно време.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи