а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

душка

душкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Со куси, брзи движења души, мириса, бара нешто.
Англиски: sniff Албански: nuhat
Употреба: Деминутив
Примери:
Говедата ја душкаа тревата.
2. Загледува, наслушува, сака се да дознае, да разбере.
Англиски: snoop Албански: zhbiroj
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Џандарите душкаа по секој негов чекор.
Душкаше нешто низ куќата.
Душка наоколу по селата.
3. (се душка) Се мирисаат по малку.
Англиски: smell Албански: nuhat
Примери:
Свињите буричкаа со муцките во земјата и се душкаа.
Изведенки
душкање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи