а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

душек

мн. душеци
Вид збор: Именка, машки род
1. Цврсто сошиена постилка наполнета со волна, пердуви, која се става врз креветот или на земја и служи за спиење; постела.
Англиски: mattress Турски: döşek Албански: dyshek
Примери:
мек душек, сламени душеци
душеци од пердуви
2. Постилка наполнета со вештачки влакна, слама која се става на под и се користи за изведување гимнастички вежби.
Англиски: mattress Турски: döşek Албански: dyshek
Употреба: Спорт
Примери:
Децата вежбаа на душек.
3. Постилка направена од цврст материјал која се полни со воздух и овозможува лебдење над водата.
Англиски: mattress Турски: döşek Албански: dyshek
Примери:
Пливаа во водата со душек.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи