а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

душа

мн. души
Вид збор: Именка, женски род
1. Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот.
Англиски: soul Албански: shpirt
Употреба: Филозофија
Примери:
Со душа чекам да дојде.
2. Нематеријалното начело на животот на човекот кое по смртта го напушта телото.
Англиски: spirit Албански: shpirt
Употреба: Религија
3. Човек, член на семејство, жител.
Англиски: inhabitant Албански: person
Примери:
Во едно семејство живееле по триесетина души.
Во селото одвај останале стотина души.
4. Тој што е главен двигател во нешто.
Англиски: engine Албански: shpirt, motor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Душа на организацијата.
Душа на колективот.
Изрази
Крстена душа - православен човек, христијанин.
Продадена душа - човек што може сѐ да направи за пари.
Бере душа - на умирачка е.
Вади душа - мачи, малтретира некого.
Греши душа - прави грев.
Душа дава (за некого) - многу сака некого или нешто.
Даде душа - умре.
Земе душа - се почине, се одмори по извесен напор.
Земе душа - убие.
Душата (му) дојде во носот - многу се измачи поради нешто.
Има душа - има милост, сожалување.
Душата му излезе - умре.
Испушти душа - умре.
Ја отвори душата - кажа нешто, се исповеда.
Земе на душа - без вина обвини, унесреќи, упропасти некого.
Колку (ти) душа сака - сѐ што сакаш.
Без душа - одвај, со сила.
Со душа - со нетрпение.
За душа - за бог да го прости.
Рани душа да те слуша - да се биде здрав, треба добро да се храниме.
Жими душа (заколнување).
Изведенки
1. душица ж.
мн. душици
дем.
2. душичка ж.
мн. душички
дем.
Пример: мек како душичка
3. душиче ср.
мн. душичиња
хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи