а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дупи

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави, отвора дупка во нешто.
Англиски: pierce Албански: shpoj
Примери:
Го дупеа ѕидот со клинец.
По вторпат ги дупев ушите.
2. Работи со игла.
Англиски: stitch Албански: thur
Употреба: Разговорно
Примери:
Везден дупи со иглата.
Си ги дупеше прстите цела зима.
3. глочка, набива
Англиски: prick Албански: shpoj
Примери:
Рогузината ме дупеше и не можев да заспијам.
Самарот го дупел коњот и му направил рана.
4. Подбуцнува добиток за да се движи побрзо; подбуцнува некого да направи нешто.
Англиски: spur Албански: shpoj
Примери:
Го преметна огламникот преку самар и почна да го дупи магарето со прачката.
Си го тераше тромото магаре дупејќи го во вратот.
Го дупеше момчето со лактот за да стане.
5. Подбуцнува, гиба, задева некого.
Англиски: instigate Албански: nxit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Почнал ѓаволот да те дупи, детуле.
6. прободува, убива
Англиски: hurt Албански: lëndoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Каурска пушка не дупи.
Него куршум не го дупи.
7. Нервира, предизвикува, пречи.
Англиски: annoy Албански: ngacmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Парчето земја им ги дупеше очите на соседите.
8. Како поттик - бегај, трчај, терај.
Англиски: push Албански: shtyj
Употреба: Разговорно
Примери:
Сега, дупи за назад.
Дупи само напред и молчи.
9. За сексуален однос.
Англиски: fuck Албански: kryej aktin seksual
Употреба: Вулгарно , Разговорно
10. (се дупи) Се подбуцнуваат заемно, меѓу себе.
Албански: nxisin
Примери:
Жените во публиката се дупеа една со друга и се кикотеа.
11. (се дупи) Се подбива со некого.
Англиски: joke Албански: tallet
Употреба: Разговорно
Примери:
Сите се дупат со него.
12. (се дупи) Има сексуален однос.
Англиски: fuck Албански: kryej aktin seksual
Употреба: Вулгарно , Разговорно
Изведенки
дупење ср.
мн. дупења
глаг. им.
Пример: Од честите дупења со иглата ѝ се разрани прстот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи