а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дума

думаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. мисли, размислува
Англиски: think Албански: mendoj, kujtoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Цела ноќ думав.
Удри, ич не думај!
2. памети, помни
Англиски: remember Албански: kujtol, mbaj mend
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Думам - вие еднаш ми зборувавте нешто.
Уште зборовите негови ги думам.
3. зборува
Англиски: talk Албански: flas
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Думај што да правиме.
После ќе думаме за свадба.
4. (се дума) се мисли
Англиски: reflect Албански: mendoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Таа се думаше што да прави.
Што се думаш толку?
Изведенки
думање ср.
мн. думања
глаг. им.
Пример: Се измори од честите думања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи