а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дуе

дујат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Полни со воздух.
Англиски: inflate Албански: fryj, mbush me ajr
Примери:
Ги дуеше градите.
Ја дуевме фудбалската топка со пумпа.
Продолжи да беснее дуејќи ги образите.
2. (се дуе) Се полни, се подува, се исполнува со воздух.
Англиски: blow up Албански: frzhet, mbushet me ajr
Примери:
Стомакот му се дуе и му се собира како ковачки мев.
Ноздрите му се дуеја колку две охридски цреши.
3. (се дуе) Се прави важен, надмен.
Англиски: puff up Албански: fryhet, lavdërohet
Употреба: Разговорно
Примери:
Се дуеш дека имаш синови.
Се дуе, ме одбегнува.
4. (се дуе) Се лути.
Англиски: annoy Албански: zemëroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Цел ден се дуе и се инаети.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи