а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

друштво

мн. друштва
Вид збор: Именка, среден род
1. Лица што имаат близок, пријателски однос и често се дружат заедно заради работа, забава, игра и сл.
Англиски: group Албански: shoqëri
Примери:
Весело друштво.
Еден од друштвото.
Не оди со такво друштво.
2. Организација, здружение во кое членовите се здружени заради заеднички цели, задачи, интереси и сл.
Англиски: society Албански: shoqëri
Примери:
Акционерско друштво.
Пожарникарско друштво.
Културно-просветни друштва.
3. (само едн.) Лице што придружува, разонодува некого.
Англиски: companion Албански: shoqërues
Употреба: Разговорно
Примери:
Во друштво со мене.
Немате друштво за капење.
Јас ќе ти правев друштво под дрвото.
Изведенки
друштвенце ср.
мн. друштвенца
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи