а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дрпа

дрпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Грубо трга, тегне, влече некого или нешто.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Ме дрпаше за палтото.
Те дрпаат за лактовите.
2. Грубо кине нешто.
Англиски: tear Албански: gris
Примери:
Ја дрпаше кошулата на парчиња.
Не дрпај ги така гранките.
3. Краде, зема недозволено нешто.
Англиски: steal Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само дрпаат за себе, не мислат на другите.
4. (се дрпа) Се оттргнува, се истргнува нагло, грубо.
Албански: tërheq
Примери:
Се дрпа да побегне.
Се дрпаше од нив.
5. (се дрпа) Се чеша грубо.
Англиски: scratch Албански: gërvisht
Примери:
Се дрпаше по снагата.
Само се дрпаш.
Изведенки
дрпање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи