а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дроби

дробат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Ситни, кине нешто на помали парчиња.
Англиски: mince Албански: grimcon
Примери:
Дробеа грутки земја со прстите.
Го дробеше лебот во чинија.
2. Зборува многу, зборува непромислено.
Англиски: blab Албански: llafazan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дробат празни зборови.
Дроби несврзани работи.
3. (се дроби) Се ситни.
Англиски: shatter Албански: grimcon
Примери:
Мразот се дробеше во ситни парчиња.
По улицата се дробеше ситно стакло.
Изрази
Дроби трици, дроби празна слама - зборува напразно.
Што си дробел, тоа ќе сркаш - како што си направил така и ќе добиеш (обично за нешто непријатно, лошо).
Изведенки
дробење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи